Клучот за секоја диета лежи во тоа да го намалите дневниот внес на калории и правилно да го избалансирате секој оброк. Со постигнувањето на оваа рутина, вие ќе бидете весели, а килограмите ќе исчезнат.
За повеќето лица кои ќе се одлучат да тргнат по патот на здравиот начин на живот отфрлувањето на дотогаш омилената храна претставува најтежок проблем и главен изговор. Нутриционистите и диетолозите најдоа решение како да му се спротивставите на овој предизвик, замената на нездрави оброци со здрави а притоа и вкусни, ќе ви биде голема добивка.
Некои од тие предлози за појадокот велат да изберете кифла од цело зрно житарки со две помали парчина пилешки или мисиркини гради.
Ако повеќе сакате риба, можете да си направите сендвич со туна. На кифлата нанесете сенф и ставете ја туната, и уживајте во здравиот, вкусен и нискокалоричен оброк.
Ако сте од оние кои од некои причини го избегнуваат лебот, решението е меѓу повеќето листови зелена салата да ставите парчиња туна и да уживате во овој вкусен зелен сендвич.
Ако сте љубител на компири, нутриционистите советуваат да ги замените со карфиол бидејќи тој има помалку калории, а повеќе хранливи состојки, витамини и минерали кои му се потребни на вашиот организам.
Што се однесува на изборот на месо, бидејќи тоа е еден од главните извори на протеини, совет е во дневната исхрана да вметнете пилешко, а до два пати неделно и телешко, односно говедско. Телешкото покрај тоа е богато со протени и има високо ниво на железо во себе.
Кога ќе почувствувате голем глад јадете зеленчук, различни видови на зеленчук, моркови, брокули, цвекло, направете си вкусни салати кои ќе ве задоволат. Доколку ви се грицка нешто, посегнете по јаткстите плодови, тие се исклучително здрави за вас, но не претерувајте, една шака е сосема доволно.
Љубителите на чоколадо наместо млечна нека изберат црна чоколада со повисок процент на какао во неа.
Значи, повеќе не постои ниту еден изговор кој ќе го наведете како причина зошто не сте го промениле начинот на исхрана, со цел да го сочувате вашето здравје и да ги изгубите несаканите килограми.