
Доколку ја вклучите опцијата која се наоѓа во продолжение, хакерите ќе треба да се намачат да го пробијат вашиот профил.


Доколку ја вклучите опцијата која се наоѓа во продолжение, хакерите ќе треба да се намачат да го пробијат вашиот профил.
Ниту една лозинка на интернет не е доволно безбедна, па тоа е еден од начините за поголема заштита на т.н. двојна проверка. „Facebook“ и „Gmail“ тоа веќе подолго време им го имаат понудено на своите корисници, па поради тоа не би било лошо веднаш да започнете со користењето на овие функции.
Првиот чекор за автентикација е и натаму запишување на сопствената лозинка на сервисот, а вториот кој додава дополнителна безбедност се состои од потврдување на индентитетот со запишување на автоматски генерирана лозинка која ќе ви биде испратена на телефон или „e-mail“.
Иако за пријавување на овој начин ќе треба повеќе време, вашите податоци така ќе бидат најбезбедни, а хакерите ќе треба малку да се намачат за да го хакнат вашиот профил.
Вклучувањето на двојната автентикација (two-step verification) можете да ја направите во опцијата (Settings) внатре во делот за безбедност (Security).
Погледнете го видеото: