26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајгламурозниот украс за елка - чини близу милион долари

Најгламурозниот украс за елка – чини близу милион долари

ѕу1

Доколку ѕвездата за декорација на врвот на елката направена од дијаманти не е на вашата листа за купување, можеби е време да ја додадете, нормално доколку можете да си дозволите ваков луксуз….

Со цена од 947,705 долари, британскиот бренд 77 Diamonds ја креираше најгламурозната ѕвезда за елка. Станува збор за уникатно парче, декорирано со 280 бели дијаманти, кои тежат над 12 карати. Направена е од ексклузивно сребро, а висока е 20 и широка 13 см. Има централен дел кој е прелиен со жолто злато и претставува гламурозен додаток за елка.

Нејзиниот главен декоративен елемент е петкаратниот Д беспрекорен бел дијамант. Најдоброто е што тој може да се извади и да се носи како моден додаток, кога ќе заврши сезоната на празниците. Нормално, ексклузивно парче како ова дозволува и бројни персонализации, како обоен дијамант, кој можете да го купите покрај постоечкиот.

ѕу2

ѕу3

ѕу4

ѕу5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП