1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКомпактниот кросовер на Infiniti (фото)

Компактниот кросовер на Infiniti (фото)

qx30 - 01

Најмалиот кросовер во историјата на јапонската марка „Infiniti“ се појави под рефлекторите на автосаемот во Лос Анџелес, САД. Неговото име е „QX30“ и ќе биде достапен на светските пазари во средината на 2016-та година.

„Infiniti QX30“ е базиран на хечбекот „Q30“. Двата модели имаат сличен дизајн, а кросоверот се разликува по зголеменото тло, заштитните елементи на браникот и крилата, шините на покривот, бандажите со различен дизајн и друго.

qx30 - 02

Внатрешноста на „Q30“ и „QX30“ изгледаат идентично, но се очекува кај кросоверот да се нудат различни материјали и додатоци.

Што се однесува до погонот, во моментот од „Infiniti“ не објавија официјални податоци. Најверојатно сепак „QX30“ ќе ги користи моторите на хечбекот. Тоа се бензински и дизел агретати со четири цилиндри и турбо. Бензинските се 1,6-литарски со 122 или 156 КС, како и 2,0-литарскиот со моќност од 211 КС. Дизел моторите се 1,5-литарски со 109 КС и 2,2-литарски со 170 КС.

qx30 - 03

Пренос за моделот е 6-брзински мануелен и 7-степен автоматски со две спојки, кој е вклучен во основната опрема на најмоќните верзии. Погонот на сите четири тркала може да пренесува околу половина вртежен момент кон задната оска, за да обезбеди подобрена проодност и тракција.

qx30 - 04

Меѓу главните конкуренти на новиот „Infiniti QX30“ ќе биде „Mercedes-Benz GLA“, кој всушност е во основата на јапонскиот модел.

Продажбата на „QX30“ ќе стартува во средината на 2016-та година, а во следните месеци ќе бидат познати повеќе детали за карактеристиките и цените на моделот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП