29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтранските компании бараат акција од Кина

Странските компании бараат акција од Кина

china1

Странските компании во Кина би сакале новата власт во Пекинг да одговори на барањата, да ја намали бирократијата и препреките кои стојат на патот за инвестирање во време кога бизнис климата се влошува.

Резултатите од анкетата, која ја спроведе Американската стопанска комора во 325 компании, покажаа дека само 28 проценти од испитаниците сметаат дека инвестиционата клима во Кина е на патот кон закрепнувањето, во споредба со 43 проценти од претходната година.

Иако 78 проценти од компаниите се оптимистични во врска со работењето во Кина во наредните две години, само 18 проценти навеле дека планираат значително да ги зголемат инвестициите во наредната година, во споредба со 33 проценти од испитаниците од минатата година.

Слабиот економски раст, пазарните бариери и владините рестрикции се главни причини за скромните инвестициски планови, но и растот на трошоците на работната сила претставува причина за загриженост, покажуваат податоците од анкетата.

Странските компании мораа да се согласат со двоцифрениот раст на платата и бенефициите за вработените во претходните две години, а исто така се зголеми и цената на земјиштето и суровините.

Претседателот на Комората, Кристијан Мурк наведува дека компаниите се охрабрени со неодамнешните изјави на лидерите, како што е премиерот Ли Кеченг, кој вети дека за една третина ќе ги намали потребните документи за инвестирање.

„И покрај сите предизвици, сепак постои надеж. Тука е новата власт, економијата е прилично силна. Сите имаме впечаток дека новата влада ги разбира проблемите и се надеваме дека ќе започне со некоја акција“, изјави Мурк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП