18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook пушта платени налепници во Messenger

Facebook пушта платени налепници во Messenger

picocandy-333

Корисниците на апликацијата за разговор на „Facebook – Messenger, веќе можат да купат виртуелни налепници. Социјалната мрежа од своја страна не нуди налепници директно, а туку работи со трета страна – сингапурскиот „стартап“- „PicoCandy“, за да може да нуди избор од емоции и пакети налепници, некои од нив ќе чинат меѓу 0,99 и 1,99 долари, пишува „TechCrunch“.

Налепниците прво станаа популарни во Азија, каде дебитираа во „Line“ – мобилна апликација, создадена од истоимената јапонска компанија. Во последните неколку години налепниците се појавија во голем број на апликации за испраќање на пораки.

Досега „Facebook“ имаше доста конзервативен пристап кон налепниците. Таа склучи договори со неколку медиумски компании да им обезбеди нивни налепници. На пример започна работа со брендот „Lego“ и со популарниот детски анимиран филм „Despicable me“, но најзиниот фокус секогаш бил на оној со „смешковци“ и „налепници“ да се нудат потполно бесплатно.

Сега со социјална мрежа влегува во сферата на платени содржина за прв пат преку партнерството со „PicoCandy“.

picocandy-5555

Пред две години „Line“ генерираше 10 милиони долари месечно од продажбата на налепници, благодарение на своите 230 милиони регистрирани корисници. Овие податоци досега значително се зголемија, но компанијата не откри конкретни податоци.

За „Facebook“ ова може да се покаже како голема можност, со оглед дека нејзините месечни активни членови се 1,5 милијарди. 300 милиони луѓе во Азија ги користат нејзините услуги секој ден.

Платените налепници се дел од новата апликација на „PicoCandy“ што е достапна за корисниците на „iOS“ и „Android“. Тоа значи дека луѓето кои го користат „Messenger“, мора прво да ја превземат апликацијата на „PicoCandy“, за да имаат пристап до налепниците. Тие ќе треба да секој пат да ги стартуваат и двете апликации, доколку сакаат да купат или превземат нова налепница, како и кога сакаат да испратат на некој пријател. Тоа до одреден степен го усложнува процесот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП