26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајновиот модел на Porsche 911 пристигна на скопскиот асфалт

Најновиот модел на Porsche 911 пристигна на скопскиот асфалт

Carrera 4

Во јубилејната 50 година од појавувањето на првиот легендарен модел Порше 911, деновиве во Македонија пристигна најновиот модел на овој престижен и ексклузивен спортски автомобил. Предизвикувајќи воздишки како кај вработените во Порше Македонија, така и на сите посетители во салонот, овој спортски убавец препознатлив по својот моќен звук на моторот, техничка перфекција и софистицираност, Порше 911 ќе плени погледи и по скопските улици.

Како ниеден друг автомобил, Порше 911 претставува хармоничен спој напротивречности: на спортски дух и секојдневна практичност, на традиција и иновација, ексклузивност и општествена прифатливост, на дизајн и функционалност. Фери Порше најдобро ги опиша оригиналните квалитети кои ги носи со себе овој автомобил: “911 е единствениот автомобил кој може да се вози на Африканско сафари, на трките во Ле Ман, или низ Њујоршкиот сообраќај.” Кој денес е вистинска асоцијација за типичен спортски автомобил, репер за сите други.

Новото Порше 911 го има во две верзии: Carrera и Carrera S со 3,4 односно 3,8 литарски боксер мотор, со директно вбризгување на горивото (DFI) и VarioCam Плус кој развива до 350 т.е 400 коњски сили соодветно при 7.400 вртежи во минута. Забрзувањата се фантастични. Кај Carrera за 4,6 секунди до 100 км/час, а кај Carrera S за 3,9 секунди од 0-96 км/час и може да се пофали со максимална брзина од 297 километри на час.

Carrera 3

 

Историјат

Веќе 5 децении моделот Порше 911 го претставува срцето на брендот Порше. Само уште неколку други автомобили во светот можат да се пофалат со ваква долга традиција и континуитет како Порше 911. Од Cayenne до Panamera, секој модел на Порше е најспортскиот автомобил во својата категорија и секој од нив содржи дел од 911 филозофијата.

Уште од септември 1963 година кога за прв пат се појави на меѓународниот автомобилски саем како модел 901, Порше 911 е инспирација за сите љубители на автомобилите од целиот свет. Досега повеќе од 820.000 спортски автомобили Порше 911 се произведени, што го прави еден од најуспешните спортски модели во неговата категорија. Порше 911 отсекогаш се одликувал со напредна технологија. Многу од идеите и технологиите, инкорпорирани во Порше 911 се поттикнати од учеството во автомобилските трки. Посветеноста кон ефикасноста на тркачките мотори, уште од самиот почеток на Порше 911 му обезбеди репутацијата на сестран и сигурен победник, а дури две третини од 30.000 победи досега се должат токму на Порше 911.

Carrera 2

Оваа година ќе бидат организирани повеќе настани за одбележување на 50-тата јубилејна годишнина од моделот. Компанијата ќе го испрати на светска турнеја автентичниот модел на 911 од 1967 година, кој ќе отпатува на пет континенти и ќе биде прикажан во Пебл Бич, Калифорнија, Шангај, Гудвуд, Велика Британија, Париз и Австралија. Како амбасадор на Порше брендот, Порше 911 ќе присуствува и на многу меѓународни саеми, историски собири и автомобилски спортски настани. Фановите и заинтересираните лица ќе можат да го следат неговиот пат на следниов линк http://porsche.com/follow-911.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП