19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИванов: Да се преиспита односот меѓу образованието и потребите на бизнисот

Иванов: Да се преиспита односот меѓу образованието и потребите на бизнисот

obrazovanie-biznis

Како да се подобри квалитетот и квантитетот на практиканството, да се користат повеќе практични примери од компаниите во текот на студирањето и да се најдат начини за вклучување на предавачи од бизнис заедницата на факултетите, но и за зголемување на бројот на специјализирани програми подготвено соодветно на барањата на конкретна компанија, се темите на кои се разговара на конференцијата на тема „Соработката помеѓу бизнис-заедницата и универзитетите – клуч за зголемување на вработеноста кај студентите“ што се одржува денеска во Скопје.

Претседателот Ѓорге Иванов, кој се обрати на отворањето на конференцијата смета дека практикантството на студентите е од исклучителна важност како за нив, така и за компаниите, но и економијата воопшто. Дојден е часот, рече, кога треба да го преиспитаме односот меѓу образованието и реалните потреби на бизнисот и општетството.

– За нашите студенти и компании да бидат вистински конкурентни, мора целосно да се надмине состојбата во која понудата не одговара на побарувачката. Свесен сум дека постои реален вакуум во нашиот образовен систем. Недостигаат практичната настава и апликативно знаење. Цената за тоа ја плаќаат младите кадри, компаниите, но и македонската заедница, рече Иванов.

Додаде дека има модели со кои може да се надминат ваквите состојби преку поголема застапеност на бизнисот во програмите за високо образование, да се зголеми практичната работа, и да се посвети внимание на развојот на вештините на студентите кои подоцна практично ќе ги применуваат.

– Сакаме економија втемелена на знаења, економија која ќе се гради на тројно партнерство меѓу универзитетите, приватниот сектор и државата. Моето мото е дека треба да изградиме иднина за младите, но и млади за иднината. Да им овозможиме натпревар на резултатите на нивниот ум и труд. Нив треба да ги подготвиме да се соочат со предизвиците што ги носи животот во 21 век, рече македонскиот претседател.

Неговиот став го дели и американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс. Смета дека од повеќето можности кои ги имал да запознае млади луѓе во земјава увидел дека тие се интелегентни, ентузијасти и вредни луѓе кои можат да бидат светла иднина за земјата.

– Но мора да бидеме реални. Ова е свет кој многу брзо се менува и во кој има голема конкуренција. Затоа треба да се осигураме дека амбициите на овие млади луѓе можат да се напреваруваат со останатиот дел од светот и да ги прошируиваат македонските компании и надвор  во светот, тогаш бизнис заедницата и универзитетите треба да работат заедно и да овозможат тие да добијат вештини кои ги бараат македонските работодавачи, рече Волерс.

На тој начин, додаде тој, корист ќе имаат и младите и бизнисот. Младите полесно ќе доаѓаат до работа, а бизнисот ќе може да вработи добро обучени лица.

Оспособувањето на студентите за практична работа, се согласува универзитетскиот професот Грегори Ферчајлд од Дарден факултетот за бизнис на Универзитетот во Вирџинија, е значаен фактор за зголемување на нивната конкурентност и способност за брзо пронаоѓање работа.

Вели дека соработката меѓу бизнис заедницата и универзитетите придонесуваат за зголемување на капацитетите на идната работна сила. Придобивањето од развивањето на заеднички програми ќе бидат видливи и корисни за сите инвиолвирани страни.

Конференцијата е во организација на Американско-македонската стопанска комора  „AmCham”. Во рамките на работниот дел на конференцијата излагање ќе има професорот Ферчајлд, а потоа ќе има презентации од страна на претставници од Комората за најдобрите пракси од САД, како и работилници на темата.

Покрај шефот на државата воведни обраќања имаа и претседателката на Одборот на директори на Американската стопанска комора во Македонија Лиза Поповска и Мишел Османли извршен директор на „AmCham“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП