29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветот се опоравува, Европа заостанува

Светот се опоравува, Европа заостанува

European-flags

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) оцени дека глобалната економија почна да закрепнува, но Европа заостанува.

Во првата половина од оваа година, ОЕЦД очекува забрзување на економскиот раст во Јапонија и САД, а во Европа, освен во Германија која ќе има силен раст на сметка на падот во некои земји.

ОЕЦД во привремените проценки се фокусираше на Групата од седумте индустриски најразвиени земји, и наведува дека Европската централна банка треба да стори повеќе за да ги охрабри банките да позајмуваат и економијата да расте.

Се проценува дека земјите од еврозоната имаат напредок во намалувањето на долгот, но дека на некои ќе им биде дозволено да ги исполнат целите побавно се со цел да се минимизира влијанието на мерките за штедење на економскиот раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП