27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСтранците доминантни на годинешниот Истанбулски саем на современа уметност

Странците доминантни на годинешниот Истанбулски саем на современа уметност

ume1

Во турската метропола Истанбул во средата вечерта беше отворен саемот на современа уметност Контемпорари Истанбул (Contemporary Istanbul) кој годинава се одржува десетти пат. На манифестацијата учествуваат 28 града од 24 земји со вкупно 102 галерии и повеќе од 700 уметници, бројни колекционери и куратори од светот.

ume2

Саемот се одржува на два импозантни простора − Истанбулскиот конгресен центар и Меѓународниот конгресен и изложбен дворец „Лутфу Кирдар“ во централниот дел на градот и ќе трае до 15-ти ноември. Посетителите ќе имаат прилика да ги видат најдобрите примероци на современата уметност од светот и од Турција.

ume3

Меѓу турските уметници кои се застапени, се наоѓаат делата на Аднан Чокер, Бедри Бајкам, Бахри Генч и др.

ume4

Оваа година најистакнати настани на саемот на современата уметност се манифестацијата Contemporary Teheran, на којашто ќе биде претставена современата иранска уметност и Australia China Art Foundation, на која ќе бидат презентирани оригинални дела од современата уметност на Далечниот исток.

ume5

Главен спонзор на манифестацијата, како и досега изминатата деценија, е „Акбанка“ која на својот штанд изложува избор од фотографските дела на светски познатиот уметник Пабло Хеновес. Претседателката на управниот одбор на „Акбанка“, Сузан Сабанџи Динчер истакна дека на саемот на уметноста од основањето до денеска забележуваат сѐ поголем број на странските учесници. Додека минатата година 51 отсто од учесниците биле од странство, годинава нивната застапеноста се искачила на 64 отсто, истакна Динчер.

ume6

ume7

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП