7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Нема опасност Грција да биде заразена од кипарската криза

ЕК: Нема опасност Грција да биде заразена од кипарската криза

Olli-Rehn

Грција нема да стане втор Кипар, изјави портпаролот на еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли рен, Сајмон О’Конор.

Тој оваа изјава ја даде во врска со стравувањата дека е можно Грција да биде заразена од кипарската криза, напоменувајќи оти има суштински разлики меѓу ситуацијата во Кипар и таа во Грција.

– Грчката криза не почна во банкарскиот сектор, грчкиот банкарски систем е многу помал во однос на Бруто домашниот производ на Грција, рече О’Конор.

Тој појасни дека Атина го подобрила банкарскиот надзор и во земјата е создаден и функционира фонд за финансиска стабилност со капитал од 50 милијарди евра, чија цел е да се гарантира рекапитализацијата и стабилизацијата на банкарскиот сектор.

Портпаролот на Рен истакна дека активите на банките во Грција во декември минатата година изнесувале 442,2 милијарди евра, а БДП 208,5 милијарди евра, при што соодносот меѓу активите и БДП изнесува 212 проценти. Активите во Кипар во тој период изнесувале 126,3 милијарди евра, а БДП 17,9 милијарди, а соодносот меѓу нив е 703 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП