5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCarlsberg дели 2.000 откази

Carlsberg дели 2.000 откази

carlsberg154

„Carlsberg“ соопшти денес дека ќе отпушти 2.000 лица во време кога оваа данска компанија е соочена со пад на продажбата на пазарот во Русија.

Директорот Сест Харт соопшти дека „развојот на профитот во последните неколку години не бил задоволувачки“ и дека компанијата ќе преземе чекори со цел да се „подготви за иднината“.

Една од главните мерки за зголемување на организационата ефикасност, е намалувањето на бројот на вработени за околу 2.000 лица, објави компанијата.

Намалувањето на бројот на вработени за 15 проценти е ускладено со реструктуирањето на компанијата, што треба да донесе заштеда од 15 милијарди дански круни (околу две милијарди евра).

Компанијата во третиот квартал забележа нето загуба од околу 600 милиони евра, во споредба со профитот од 2,1 милијарди евра во истиот период пред една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП