20 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСовршена за уживање - Грчката вила Kyma (фото)

Совршена за уживање – Грчката вила Kyma (фото)

гт1

Сместена во близина на плажата во Ливари во Грција, шармантната вила Kyma ќе измами насмевка на секое лице…

Поточно, тоа ќе го направат нејзините неверојатни погодности и беспрекорни погледи кон околината. Ако имате 1,8 милиони евра вишок, оваа луксузна вила може да биде вашиот дом од соништата во Грција, со својот прекрасен базен и парче приватна плажа.

Вилата Kyma е една од ретките имоти во ова подрачје, која има директен пристап до морето и своја приватна стаза до префинентата плажа. Во неа има доволно место за десет лица во пет фантастично декорирани спални соби, додека двете дневни, едната трпезарија и комплетно опремената кујна се шлаг на тортата кога станува збор за нејзиниот изглед.

Нејзиниот минималистички дизајн само ја нагласува убавината на околината во која се наоѓа, додека материјалите од висок квалитет користени за изградба и прекрасниот дизајн на ентериерот, го размазуваат секој гостин по неговото доаѓање.

Топлата вода во нејзиниот инфинити базен и просорот за релаксација се импресивни. Прекрасна вечера на терасата, уживањето во грчкото вино и специјалитетите, со поглед на море, тоа е луксузот….

гт2

гт3

гт4

гт5

гт6

гт7

гт8

гт9

гт10

гт11

гт12

гт13

гт14

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП