6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрв раст на приходите на Telefonica од 2008 година

Прв раст на приходите на Telefonica од 2008 година

telefonicakdj38ry43743fgg43

Шпанскиот телекомуникациски оператор „Telefonica“ во кварталот завршен во септември оствари прв раст на приходите од 2008 година, од 0,2 проценти.

Нето профитот на „Telefonica“, сепак, е намален за 1,9 проценти, на 884 милиони евра, што е под очекувањата на аналитичарите од 998 милиони евра, пренесува Ројтерс.

Бруто профитот, сепак, е зголемен за 2,9 проценти, на 3,7 милијарди евра, што е во согласност со очекувањата на експертите.

Долгот на крајот на септември беше намален на 49,7 милијарди евра, додека во претходниот квартал тој изнесувал 51,2 милијарди евра.

„Telefonica“, меѓу другото, ги потврди и своите очекувања за растот на годишниот профит за повеќе од 9,5 проценти, како и исплатата на дивиденда од 0,75 евра за 2015 година и 2016 година, целосно во кеш од следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП