26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогатите го нападнаа Дејвид Камерон

Богатите го нападнаа Дејвид Камерон

dejvid2

Шефовите на водечките британски компании го предупредија премиерот Дејвид Камерон дека може да и наштети на земјата, ако ја извади од Европската унија.

Во писмото, објавено во весникот Фајненшл Тајмс, Ричард Бренсон од „Virgin Group“, шефот на лондонската берза, Крис Гибсон Смит и уште осум водечки бизнис лидери се спротиставиле на планот на Камерон да ги разгледа условите на британското членство во Европската унија и да организира референдум за ова прашање.

Тие го предупредија дека таквиот план би можел да пропадне и да ја извади Велика Британија надвор од ЕУ, нешто што сериозно ќе му наштети на бизнисот.

Тешките економски времиња ги принудуваат 17-те земји членки на ЕУ, кои го користат еврото, да се здружат и да формираат посилна унија, која би можела да влијае на тоа колку трошат членките на ЕУ кои не се во еврозоната, а на сето ова Британија се противи, соопштува агенцијата АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП