24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнкета: Кипар нема да биде последната земја спасена од еврозоната

Анкета: Кипар нема да биде последната земја спасена од еврозоната

kipar1

Кипар веројатно нема да биде последната земја од еврозоната, која ќе побара меѓународна финансиска помош, покажува анекатата што Ројтерс ја спроведе меѓу економистите, а како најверојатни кандидати се споменуваат Шпанија и Словенија, јави Танјуг.

Учесниците во анкетата имаат различни мислења во однос на тоа дали договорениот пакт помош за Кипар, кој подразбира гаснење на една од најголемите банки и големи трошоци за депонентите е добар или лош за финансиската стабилност на еврозоната.

Кипар со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд во понеделникот постигна спогодба со цел да се спаси банкарскиот сектор од банкрот.

Од 48 анкетирани економисти, 36 изјавиле дека на уште некои земји од еврозоната ќе им биде потребна помош. Шестнаесет економисти како можен кандидат ја посочија Шпанија, а исто толку се определија за Словенија.

– Ситуацијата на Кипар ја доведе европската банкарска криза на ново ниво, изјави директорот на лондонската консултантска фирма Г+икономикс, Лена Комилева, додавајќи дека со тоа се зголемени ризиците околу конвертибилноста во еврозоната. Со други зборови еврото во Кипар нема да биде третирано како таа валута во другите земји, што е мошне лошо за иднината на еврото.

Еден од ризиците, кои и се закануваат на конвертибилноста се контролата на капиталот, која Кипар ја подготвува, наменета за спречување на масовниот одлив на средства од банките. Со таквата контрола еврото на Кипар ќе биде помалку ликвидно во однос на пример на еврото во Франција, каде такви рестрикции не постојат.

Сепак, 38 од 46 економисти навеле дека контролата на капиталот на Кипар е соодветна мерка, имајќи предвид дека алтернативата е неконтролиран егзодиус на парите од земјата. Европските претставници тврдат дека контролата на капиталот е привремена мерка, која ќе трае неколку дена или недели, но аналитичарите не се сигурни во тоа. Триесет од 46 испитаници наведоа дека контролата ќе трае со месеци, 13 од нив веруваат дека ќе трае повеќе недели, додка тројца сметаат дека може да потрае со години.

– Исланд и натаму го контролира капиталот, па би можеле да минат месец, ако не и години, пред да се стабилизира ситуацијата на Кипар, изјави главниот економист на банката ИНГ од Брисел Петер Ванден Хоут, осврнувајќи се на банкарската криза, која го фрли Исланд на колена во 2008 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП