27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Стандарсд и Пурс“ го зголеми кредитниот рејтинг на Турција

„Стандарсд и Пурс“ го зголеми кредитниот рејтинг на Турција

spurs

Меѓунардоната бонитетна агенција „Стандард и Пурс“ го зголеми кредитниот рејтинг на Турција од нивото ББ на ББ+, како резултат на позитивните чекори во решавањето на курдското прашање, објави денеска електронското издание на весникот „Хуриет“.

Агенцијата оценува дека решавањето на курдското прашање би имало позитивно влијание врз рејтингот на Турција во иднина.

Постигнатиот напредок околу курдското прашање ќе резултира со намалување на трошоците поврзани со безбедноста и ќе придонесе за подобрување на пограничната трговија на Турција, се наведува во соопштението на „Стандард и Пурс“.

На 21 март лидерот на курдските бунтовници Абдула Оџалан, кој отслужува доживотна затворска казна во турски затвор, ги повика припадниците на Курдската работничка партија (ПКК) да ги запрат воените дејствија и да се повлечат од Турција.

„Стандард и Пурс“ во соопштението посочува дека на зголемувањето на рејтингот влијаел и фактот што Турција спроведува процес на ребалансирање на својата економија.

Турскиот министер за финасии Мехмет Шимшек оцени дека ваквата одлука на „Стандард и Пурс“ претсавува „поттикнувачки“ сигнал.

– Ние заслужуваме и повисок рејтинг, нагласи Шимшек, додавајќи дека новиот ББ+ рејтинг ќе овозможи полесен пристап до извори за финансирање ма турските компании. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП