3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална банка со промотивен потрошувачки кредит без надоместок за одобрување

Комерцијална банка со промотивен потрошувачки кредит без надоместок за одобрување

komercijalna-banka22

Комерцијална банка АД Скопје денеска соопшти дека почна со примање барања за потрошувачки кредити до 10.000,00 евра со ЕУР клаузула, што промотивно ќе трае до 31.01.2016-та година.

Кредитот е наменет за нови или постојни кредитоспособни клиенти на банката во редовен работен однос во јавната администрација, дипломатски странски претставништва во РМ или во фирми прифатливи за Банката, кои примаат плата на трансакциска сметка во банката, пензионери кои примаат пензија на трансакциска сметка во банката, а кои оствариле право на пензија по други основи, а не по основ на исполнување законска старосна граница.

Кредитобарателите е потребно да примаат плата/пензија во износ повисок од 15.000 денари и имаат најмалку три производи за физички лица во Банката (дебитна картичка, кредитна картичка, штеден влог, кредит, електронско банкарство или SMS банкарство).

Доколку кредитобарателот ги исполнува критериумите на Банката, кредитот се одобрува во рок од 24 часа по комплетирање на документацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП