24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска следниот „пациент“ на ЕУ

Хрватска следниот „пациент“ на ЕУ

hrvatska1

Во Хрватска во 2011 година 32,7 проценти од граѓаните биле сиромашни, од кои 14,8 проценти екстремно сиромашни, покажуваат податоците од заводот на Европската Унија – Еуростат. Истовремено, во Европа имало 24,2 проценти сиромашни граѓани, а екстремно сиромашни 8,8 проценти.

Додека во Хрватска има 249.029 блокирани сметки на граѓани, со вкупен долг од речиси 18 милијарди куни, 100-те најголеми капиталисти во таа земја во последната година се побогати за 800 милиони куни.

Еден германски весник оценува дека Хрватска е следната земја која може да и создаде главоболки на ЕУ, објаснувајќи го тоа со прераното примање на Бугарија и Романија во 2007 година во ЕУ.

Европската комисија сега го отвори патот за влез на Хрватска во ЕУ. Во извештајот на 15 страни е констатирано дека Хрватска е зрела за влез во ЕУ.

Меѓутоа, германскиот весник констатира дека Хрватска, слично како и Грција, е земја во која има привилегирани одредени клиенти, земја која има поделена управа, пренадуван државен сектор, едвај функционира правосудството и покрај бројните реформи кои беа спроведени, раширена корупција и заостаната економија која речиси не е подготвена за предизвиците на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП