ПочетнаЕКОНОМИЈАОсновната каматна стапка на Албанија останува непроменета

Основната каматна стапка на Албанија останува непроменета

Albania's central bank Governor Ardian Fullani speaks during a news conference in Tirana

Гувернерот на Централната банка на Албанија, Адриан Фулани изјави дека Надзорниот одбор врз основа на анализата на економските показатели во земјата, одлучил да го задржи сегашното ниво на основната каматна стапка, кое изнесува 3,75 отсто.

– Постојат соодветни услови за да ја задржиме непроменета основната каматна стапка и на тој начин да ги поттикнеме банкарските операции во земјата, рече Фулани.

Тој додаде дека инфлацијата се намалила на 2,5 отсто во споредба со претходниот месец.

Надзорниот одбор одобрил пакет мерки за стимулирање на кредитирањето.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП