
Клубот на компании со пазарна оценка од над 300 милијарди долари наскоро може да има нов член.


Клубот на компании со пазарна оценка од над 300 милијарди долари наскоро може да има нов член.
Растот на цената на акциите на „Facebook“ во изминатата година, како и очекуваните резултати на компанијата за третиот квартал, може да и дадат „покана“ на социјалната мрежа за влез во клубот.
Во него засега се само „Apple“ со пазарна оценка од 675.62 милијарди долари, „Alphabet“ со капитализација од 495.9 милијарди долари и „Microsoft“ со 425.28 милијарди долари. Денес пазарната капитализација на „Facebook“ е 291.08 милијарди долари.
Од почетокот на годината инвеститорите во социјалната мрежа ги зголемија вложувањата за повеќе од 30%.
Аналитичарите очекуваат „Facebook“ да објави 4.4 милијарди долари приходи и 52 центи профит за третиот квартал на 2015-та година.