
По цена од 29 милиони долари, можете да ја поседувате оваа пространа резиденција, со персонализиран дизајн во најпрестижната енклава на South Surrey…


По цена од 29 милиони долари, можете да ја поседувате оваа пространа резиденција, со персонализиран дизајн во најпрестижната енклава на South Surrey…
Оригинално дизајнирана и изградена во 1993 година, оваа резиденција поминала низ процес на екстензивна и комплетна реновација пред две години, кои ја унапредиле и довеле во согласност со трендовите на денешницата.
Некои од дополнителните луксузни детали во оваа вила се подовите од мермер и травертин во нејзината прекрасна кујна, прозорите од подот до таванот со прекрасен панорамски поглед на океанот, кон зајдисонцето….
Другите луксузни погодности вклучуваат и базен, џакузи, игралиште за деца и импозантна работилница.
Инаку, оваа вила се наоѓа на имот од 2,85 хектари, кој е исполнет со зелени дрвореди и волшебни тревници. Имотот е комплетиран со двојниот влез и кружната патека, која води до гаражата за три автомобили.











