2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПромотивна понуда на потрошувачки и станбени кредити во ТТК Банка

Промотивна понуда на потрошувачки и станбени кредити во ТТК Банка

20140525-ttk-banka

ТТК Банка денес соопшти дека воведе промотивна понуда без одобрување за надоместок за потрошувачки и станбени кредити, која ќе трае до 31.12.2015 година.

Станбениот кредит ТТК Банка го нуди со фиксна каматна стапка од 2,95% во првите три години, односно 6,45% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период без надоместоци за аплицирање и проценка за првата година, со грејс период до 12 месеци, 10% сопствено учество и без надоместок за предвремена отплата со сопствени средства.

Овој кредит е наменет за купување на нов/стар стан, куќа, деловен простор од физичко или правно лице, за изградба, доградба или надградба на станбен или деловен простор како и за рефинансирање на постоечки станбен кредит.

Ненаменскиот потрошувачки денарски кредит, без надоместок за одобрување до 31.12.2015 година, банката го нуди со фиксна каматна стапка од 6,1% во првата година, односно 8,3% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, за износи до 900.000 денари, без жиранти, во зависност од месечните примања.

За отплата во денари со ЕУР клаузула, ненаменскиот потрошувачки кредит банката го нуди со фиксна каматна стапка од само 5,9% во првата година, односно 7,5% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, за износи до 15.000 евра, со рок на отплата до 10 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП