3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОтворено прво музичко училиште во Аеродром

Отворено прво музичко училиште во Аеродром

muzicko uciliste

Музичко училиште отворено е деновиве за прв пат на територијата на скопската општина Аеродром. Училиштето „Кредо“ е сертифицирано од познатата канадска школа „Спалдинг метод“, а наставниците се професионални музичари.

Музичкото училиште е наменето за почетници, аматери, и професионалци од сите возрасти и има соодветна програма за индивидуално и групно музицирање. Училиштето, исто така, организира и концерти, на кои се презентираат достигнувањата на учениците во текот на училишната година.

Во рамки на училиштето постојат повеќе катедри како соло пеење, клавишни инструменти, жичани и ударни инструменти, чија програма опфаќа од класична музика до поп, рок и џез, меѓу кои засега најпопуларни меѓу учениците се пијано, гитара, виолина, пеење и тапани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП