22 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОпаѓа продажбата на таблети

Опаѓа продажбата на таблети

tablets

Глобалната продажба на таблет сметачите повторно е намалена во третото тромесечје бидејќи купувачите или го одложуваат купувањето или се свртуваат кон алтернативните уреди, покажа ново истражување.

Во периодот од јули до септември се испорачани вкупно 48,7 милиони таблети, што е 12,6 отсто помалку од истиот период лани, покажува во четврток објавениот извештај на специјализираната компанија за истражување на пазарот IDC. Со тоа трендот на пад на испораките е продолжен четврто тромесечје по ред.

Аналитичарите на IDC истакнуваат дека сопствениците на таблети не ги заменуваат старите модели често како во минатото. Некои се свртуваат кон паметните телефони со големи екрани, таканаречени ’паблети’, или, пак, кон помалите персонални компјутери, од кои некои имаат тастатури што може да се одвојуваат.

„И натаму добиваме повратни информации дека корисниците на таблети ги користат овие уреди подолго од четири години“, вели Рајан Реит, аналитичар на IDC.

Во IDC нагласуваат дека минатата година активни биле вкупно 581,9 милиони таблети, што е 36 отсто повеќе од минатата година, но додавајќи дека растот забавува.

„Покрај зрелите пазари како што се Северна Америка, Западна Европа и Азија/Пацифик, кои одамна ја надминаа бројката од 100 милиони активни таблети, можноста за раст е сè помала“, се наведува во извештајот на IDC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП