28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална банка одлично сработи: над 5 милиони евра заклучно со третиот квартал

Комерцијална банка одлично сработи: над 5 милиони евра заклучно со третиот квартал

kom

Во периодот од 01.01-30.09.2015 година Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 316,7 милиони денари наспроти остварениот негативен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 183,7 милиони денари.

Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето е за 29% повисока во однос на минатата година што се должи во најголем дел на зголемените нето приходи од камата и зголемувањето на останатите приходи (пред сè приходи од капитални добивки од продажба на средства и приходи од девизно работење), при истовремено намалување на оперативните расходи (пред сè на материјалните трошоци и премиите за осигурување на депозити).

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 3.239,6 милиони денари и бележат пораст од 12,7% во однос на истиот период минатата година. Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 30.09.2015 година истите бележат зголемување од 12,9% во однос на истиот период од минатата година. Планот за анализираниот период е исполнет со 103,9%.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 30.09.2015 година изнесуваат 654,6 милиони денари и во однос на состојбата од минатата година бележат намалување од 1,4%. Планот за анализираниот период е исполнет со 95,1%.

Нето приходите од курсни разлики на 30.09.2015 година изнесуваат 77,1 милион денари и во однос на состојбата од минатата година бележат намалување од 9,8%. Планот за анализираниот период е исполнет со 88,6%.

Останатите приходи од работењето на Банката на 30.09.2015 година изнесуваат 194,3 милиони денари и во однос на состојбата од минатата година бележат зголемување од 80,3% Во рамките на останатите приходи во анализираниот период остварени се нето приходи од работа со хартии од вредност за разлика од минатата година кога ефектот беше негативен, зголеменa е капиталнaтa добивкa по основ на продажба на преземен имот, додека позначително зголемување бележат и приходите од девизно работење (арбитражи). Планот за анализираниот период е исполнет со 93,9%.

Оперативните расходи за периодот 01.01-30.09.2015 година изнесуваат 1.271,5 милиони денари и се намалени за 5,8% главно како резултат на намалени амортизација, материјални трошоци и премии за осигурување на депозити. Планот за анализираниот период е исполнет со 92,1%.

Загубите поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа заклучно со месец септември изнесуваат 367,2 милиони денари и се зголемени за 28,6% во однос на истиот период од минатата година. Поголемиот дел од евидентираното оштетување (336,7 милиони денари) се однесува на имотот преземен по 01.01.2010 година, додека остатокот претставува евидентирано оштетување на имот преземен до 01.01.2010 година и загуба за оштетување по основ на препроценки.

Исправката на вредност на финансиските средства на нето основа на 30.09.2015 година достигна износ од -1.284,1 милиони денари и во однос на истиот период минатата година бележи намалување од 9,8%.

 

Очекувања за претстојниот период

Набљудувано од макроекономски аспект, се очекува 2015 година да биде слична како претходната година, со продолжување на солидниот економски раст и задржување на деловниот амбиент.

Банката ќе ги презема сите неопходни активности за остварување на зацртаните цели и задачи во рамки на Програмата на мерки и активности на деловната политика за 2015 година, при што ќе биде фокусирана пред се’ на подобрување на квалитетот на портфолиото. Растот на кредитната активност на Банката се очекува да биде на ниво на растот на БДП, при што не се планираат значителни промени во структурата на активата. Исто така не се планирани значителни промени во структурата на изворите на финансирање, така што депозитите на нефинасискиот сектор и натаму остануваат со доминантно учество во вкупните извори на средства.

Во текот на 2015 година ќе се продолжи со дополнителни активности за дорезервирање на кредитните изложености кон клиенти кај кои во изминатите години се забележани трендови на влошување на финансиската состојба и нередовност во измирувањето на обврските, понатамошно оштетување на преземениот имот согласно регулативата на НБРМ и целосно усогласување со регулаторните лимити.

 

Известување за промени во сметководствените политики и методи на вреднување

Во првите три квартали од 2015 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување.

 

Исплатени дивиденди

Согласно Одлуката за употреба и распределба на нераспределената добивка до 31.12.2014 година, донесена на седницата на Собранието на акционери на Комерцијална банка АД Скопје оджана на 25.03.2015 година, целата нераспределена добивка е распределена во резервите на Банката и не беше распределен дел за дивиденда на акционерите.

 

Вложувања или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Недвижностите и опремата во првите три квартали од 2015 година бележат намалување од 3,2% во однос на декември 2014 година, главно како резултат на пресметана амортизација.

 

Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемување поголеми од 30%)

Во првите три квартали од 2015 година обврските по кредити бележат намалување од 20,7% во однос на 2014 година, главно како резултат на повисокиот износ на редовна отплата на обврските по кредити во однос на износот на новите повлекувања по договорите за кредит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП