„Picot Residence“ е извонреден пентхаус апартман со прекрасни декорации и скапоцен мебел, кој го дизајнираше „Pepe Calderin Design“, во Њујорк…
Инспиративен и шик, домот раскажува приказна за волшебните елементи кои го красат. Моќната комбинација на бои и материјали е видлива: смелите црвени украси се сретнуваат со темните нијанси, а дрвото е комбинирано со кожа.
Мазните текстури даваат нова нота на софистицираност. Осветлувањето игра важна улога во создавањето на посебен амбиент. Елеганцијата и посебноста го дефинираат овој простор.
Дизајнерите не се плашеле да ги користат боите, креирајќи свеж, енергичен и визионерски пристап на процесот на проектирање. Резултатот е жив и луксузен ентериер, простор кој нема граници и има безброј можности…