19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија го усвои вонредниот буџет

Јапонија го усвои вонредниот буџет

japan

Јапонската влада го усвои најголемиот вонреден буџет во историјата на земјата кој е потребен за првите 50 дена во нова финансиска година која започнува на 1-ви април.

Вонредниот буџет предвидува расходи од 139.5 милијарди долари.

Најголемиот дел ќе биде наменет за финансирање на социјалните програми и јавните проекти. Јапонската влада е подготвена да донесе и одвоен вонреден буџет од 5.2 милијарди долари за покривање на трошоците од работата на обновениот североисточен дел од земјата кој беше погоден од земјотреси и цунами во 2011-та година.

Причината за донесувањето на вонредниот буџет е смената на јапонската влада по изборите кои се оддржаа во декември минатата година.

Новиот кабинет на министри под раководство на премиерот Шинзо Абе е формиран на 26-ти декември и поради тоа со задоцнување започнаа со работа на проектите за финансиската 2013-та година. Како што беше изјавено од министерството за финансии, владата сега вложува напори што поскоро да го заврши планот за основиот буџет.

Според очекувањата основниот буџет на Јапонија треба да изнесува околу 978.9 милијарди долари. Проектот предвидува значајно зголемување на средствата за обновување на земјата од последиците од природните катастрофи, социјалните програми, како и реализација на економскиот курс на новата јапонска влада, која како своја главна цел има зацртано надминување на дефлацијата во економијата.

Покрај тоа, властите имаат намера за првпат во последните 11 години да ги зголемат расходите за одбрана поради територијалните спорови кои ги имаат со Кина и Јужна Кореа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП