18 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕИсторијата на уживањето - Four Seasons Hotel Casa Medina (фото)

Историјата на уживањето – Four Seasons Hotel Casa Medina (фото)

medi1

По отворањето на рачно изработените дрвени порти, со детали од железо, ви се отвора нов свет на луксузот…. паркет кој блеска, фини волнени теписи, свежо полирани панели и величествени камени столбови – добредојдовте во новиот Four Seasons Hotel Casa Medina Bogota.

Бидете меѓу првите неколку среќници кои ќе имаат прилика да се опуштат во овој нов хотел – по повод грандиозното oтворање овој хотел нуди специјален „Experience More“ пакет, кој вклучува многубројни магични погодности.

Со 62 соби и апартмани, при што ниту една просторија не е иста, до кои се доаѓа само преку уникатните дрвени скалила, кои сензуално се вратат покрај стаклените прозори, овој хотел нуди изобилство од простор за уживање.

Деталите кои можеме да ги видиме на прозорите, односно графиката од птици и природа, се омилениот мотив на архитектот Сантијаго Медина Меија. Роден во Меделин и израснат во Париз, тој ја изградил Casa Medina во 1946 година, внимателно спојувајќи ги рециклираните подови, столбови, панели и железни детали, со цел да креира ексклузивна станбена единица во модерниот дел од градот. Позната по своето архитектонско наследство и претворена во хотел во 1988 година, оваа куќа многу брзо станала омилената адреса за елитата, богатите и познатите, а и за другите светски патници – од рок ѕвезди до лидери на бизниси и држави.

Сега, по реставрацијата која и ја подари архитектот Милена Варгас, која паметно ги нагласи деталите на архитектурата со интересни парчиња мебел и традиционали и современи уметнички дела, покрај бројните погодности за модерните патници, „Four Seasons Casa Medina Bogota“ се најде на листата со најлуксузните хотели во светот, исто така, по отворањето на овој хотел, брендот „Four Seasons“ во овој град донесе дел од своите кулинарски вештини, со новиот „Castanyoles Raciones y Tapas“ ресторан, кој има отворен концепт и дизајн.

med2

medi10

medi11

medi12

medi3

medi4

medi5

medi6

medi7

medi8

medi9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП