16 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Тутунска банка со добивка од 13 милиони евра заклучно со третиот...

НЛБ Тутунска банка со добивка од 13 милиони евра заклучно со третиот квартал од годинава

nlb

Во периодот од 1.1.2015 година до 30.9.2015 година НЛБ Тутунска банка работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2015 година, прилагодувајќи го тековното работење на економските и пазарните услови во земјата.

Заклучно со третото тримесечје од 2015 година, нето каматните приходи се повисоки за 19,5% споредено соистиот период од претходната година.

Приходите од камати се повисоки за 1,8%,поради повисоки остварени приходи во сегментот населениекако резултат на повисока состојба на пласирани кредити, при намалени каматни стапки во однос на минатата година, како и поради повисок износ на наплатени камати од сомнителни и спорни побарувања.

Расходите по камати се пониски за 25,5% како резултат на намалување на каматните стапки на депозитите, пониска состојба на обврски по кредити и пониска состојба на депозити од пензиски фондови и останати финансиски институции.

Нето приходите од провизии се повисоки за 0,4%. Приходите од провизии се повисоки за 6,8% како резултат на остварен пораст во доменот на картичното работење (зголемен број на картички и зголемен број на трансакции на ПОС терминали), повисоки остварени приходи од водење трансакциски сметки, електронско банкарство и лично банкарство.

Расходите за провизии се повисоки за 26,4%,главно поради повисоки расходи за порамнување и процесирање на картички и повисоки расходи од платен промет со странство.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 196.900 илјади МКД и се повисоки за 19,8% во однос на претходната година.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 2.655.460 илјади МКД и се повисоки за 14,0%.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.243.415 илјади МКД и се повисоки за 6,1%.

Заклучно со третото тримесечје од 2015 година беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства, на нето основа, во износ од 524.272 илјади МКД. Издвоените исправки соодветствуваат на структурата и на квалитетот на пласманите на Банката.

Нето добивката на Банката заклучно со 30.9.2015 година изнесува 801.780 илјади МКД и е повисока за 52,8% во однос на истиот период од 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП