
Денес, 27.03.2013 година, акционерите на Комерцијална банка АД Скопје го одржаа своето редовно Годишно собрание.


Денес, 27.03.2013 година, акционерите на Комерцијална банка АД Скопје го одржаа своето редовно Годишно собрание.
Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2012 година со бруто-добивка во износ од 567,9 милиони денари. По пресметување на данокот на непризнаени расходи од 5,8 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 562,1 милиони денари. Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 562,1 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 10% од номиналната вредност на акцијата. Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 314 милиони денари, да се издвои во резерви.
На Собранието беа усвоени финансиските извештаи и Годишната сметка на Банката за 2012 година, Програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на Банката за 2013 година, Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза, а донесени се и Одлуки за промена на седиштето на Банката и за измена на Статутот на Банката.