19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМудис: Еврозоната ја преценува својата способност за ограничување на кризата

Мудис: Еврозоната ја преценува својата способност за ограничување на кризата

mood1

Невообичаениот спасувачки финансиски план за Кипар врши дополнителен притисок врз некои земји од еврозоната, на кои им се заканува намалување на кредитниот рејтинг и покажува дека лидерите од Европската унија ги прецениле своите способности за ограничување на кризата, предупреди меѓународната рејтинг агенција Мудис.

Кипар и ЕУ постигнаа спогодба во понеделникот за спасувачкиот план вреден десет милијарди евра, но условите за постигнување на договорот ги нарушуваат табуата, бидејќи сопствениците на депозити над сто илјади евра во кипарските банки најверојатно ќе треба да платат еднократен данок до 40 проценти.

Пазарните аналитичари стравуваат дека може да биде направен опсен преседан за идните спасувачки планови, а регионот може да стане податлив на масовни повлекувања на средства од банките, доколку инвеститорите од други земји, кои се соочуваат со финансиски потешпкотии, оценат дека повеќе немаат добра гаранција за нивните пари.

– Европските лидери изразуваат уверување дека условите на пазарот се поволни и оти имаат инструменти, со кои ќе го спречат ширењето на заразата на други периферни економии и на нивните банкарски системи, изјави Барт Остервелд, директор на одделот за суверен ризик во Мудис.

Дури и доколку Шпанија и Италија покажат дека се доволно сили за да ги издржат потресите на Кипар, аналитичарите стравуваат дека се зголемува ризикот од ширење на заразата, доколку инвеститорите одлучат дека истото може да се случи ако и тие земји побараат финансиска помош.

Европската централна банка се обиде да ги отфрли претпоставките дека тактиката, која се користи во Кипар, може да се претвори во модел за итна финансиска помош за земјите од еврозоната. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП