20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританците ги повлекуваат парите од Кипар

Британците ги повлекуваат парите од Кипар

bri1

Независната компанија за финансиско советување „DeVere“, објави дека е забележано зголемување на бројот на британски иселеници кои бараат совет за пренесување на своите пари од Кипар.

Според изјавата на извршниот директор на компанијата Најџел Грин „се повеќе иселеници во Шпанија, Италија, Португалија и Грција со причина се загрижени за своите депозити во овие земји“, пренесува агенцијата Франс Прес.

Во текот на изминатата недела, откако започнаа проблемите околу кипарскиот пакет помош, нашите финансиски советници пријавија зголемување на бројот на заинтересирани граѓани за префрлување на своите пари, тие барале совет за ги заштитат своите пари во други области, кои се сметаат за повеќе безбедни.

„Без оглед дали тоа им се допаѓа на институциите или не, постои реален ризик од голем одлив на депозити во овие земји“, соопштија од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП