7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗInfiniti го подготви серискиот QX30

Infiniti го подготви серискиот QX30

inftinit 33

Јапонскиот производител на премиум автомобили „Infiniti“ објави дека ќе претстави нов „SUV“ – „QX30“, на 17-ти ноември. Детали за моделот не беа обелоденети, но изданието „Wheels“ објави некои од карактеристиките на овој модел.

Веќе е познато дека најмалиот кросовер на „Infiniti“ ќе ја користи платформата на хечбекот „Q30“ кој беше прикажан претходно во оваа есен. Од него ќе бидат позајмени и моторите – бензински со зафатнина од 1,6 литри и моќност од 120 и 154 КС, како и 1,5-литарски и 2,2-литарски дизел со моќност од 107 и 168 КС. За САД ќе се нуди и 2,0-литарски бензински агрегат со 208 КС.

За разлика од концептуална верзија на „QX30“ која ја видовме во Женева во пролетта и која беше со заден пренос и со дополнително вклучување на предната оска, сериската верзија на моделот ќе биде со преден погон, тврдат информациите. Кај него сепак ќе има можност за пренесување на дел од вртежниот момент на задните тркала. Основните верзии ќе бидат само со преден погон.

Што се однесува до димензиите, тие ќе бидат слични на концептниот модел – должина од околу 4400 мм, ширина 1.800 мм и висина 1.500 мм.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП