19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMaersk ги намали годишните прогнози поради послабата побарувачка

Maersk ги намали годишните прогнози поради послабата побарувачка

maersk 3499

Сопственикот на најголемата линија за морски контејнерски превоз во светот, „AP Moeller-Maersk“, ја намали прогнозата за основната добивка за 2015-та година, повикувајќи се на светски најслабото побарување на контејнерски превоз, соопштува „Bloomberg“.

Компанијата предвидува основен профит од околу 3,4 милијарди долари во однос на претходната прогноза од 4 милијарди долари, покажува денешниот извештај кој беше доставен на берзата.

„Пазарот на контејнерски превоз конкретно се влошил, отаде очекувањата на групата, особено во последниот дел на третиот квартал и во октомври. Сегашните очекувања на групацијата се на пазарот да не се врати во 2015-та година. Преземени се соодветни мерки за исправување на мрежата „Maersk Line“, вели компанијата.

Акциите на компанијата отворија забележаа пад од над 7% во Копенхаген и достигнаа најниско ниво од септември 2013-та година. Предупредувањето за профитот не е изненадувачки, но е поголемо од очекуваното.

Тарифите за превоз со контејнери спаѓаат во условите на загриженост за одложувањето на кинескиот економски раст. „Bloomberg Intelligence“ посочи дека „World Container Index“ достигна рекордно ниско ниво веќе трета недела по ред, а две од осумте трговски линии во индексот се на рекордно ниско ниво.

Просечните трошоци на транспонтиран контејнер на „Maersk Line“ се за 19% пониски во третиот квартал во однос на истиот период од минатата година, вели компанијата.

Од „Maersk“ изјави дека ниедна од останатите единици кои се дел од дивизијата за екстракција на нафта и оператори на пристаниште, не ги менуваат годишните прогнози. Прелиминарната нето добивка за третиот квартал на групацијата ќе изнесува 778 милиони долари, а основната 662 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП