10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако изгледа најздравиот појадок на Џејми Оливер? (видео)

Како изгледа најздравиот појадок на Џејми Оливер? (видео)

dzejmi

Погледнете од што се состои најздравиот појадок – од агол на славниот готвач Џејми Оливер.

Често се случува производителите да додаваат шеќер, вештачки ароми и боја во вашите омилени мусли, па затоа Џејми Оливер со својот тим експерти за храна го измисли овој најздрав рецепт за појадок.

Состојки:

– еден килограм овесни снегулки

– 250 грама ореви, бадеми, лешници, семки од тиква

-250 гр суво овошје, кајсии, сливи, смокви….

– 1 лажица мелено кафе

– 3 лажици какао

– стругана кора од органски портокали

Подготовка:

Во рерна на 180 степени печете ги овесните снегулки и јаткастите плодови, околу 10-15 минути. Во блендер ставете ги сите состојки и за неколку минути ќе добиете гранола појадок.

Ставете ја целата количина во голема стаклена тегла, а за појадок земајте по две до три лажици од мелената смеса, кои ќе ги прелиете со млеко, јогурт или кефир, а можете да си додадете и некое свежо овошје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП