2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНово издание на Perrier Jouet

Ново издание на Perrier Jouet

per1

Кога зборуваме за производство на квалитетен и луксузен шампањ, меѓу првите компании кои ни паѓаат на ум е „Perrier-Jouet“, еден од најстарите брендови во светот. Оваа компанија неодамна прослави 200 години соработка со „Bi-Centenaire Champagne“.

Tord Boontje glorifies champagne serving ritual with Perrier-Jouët Champagne Tree

Во таа прилика, на јавноста и го претстави својот најнов производ „The Encanting tree“ кој ќе биде вистинско доживување за познавачите со подолг џеб. „Perrier-Jouet“ одлучи првите пролетни денови да ги разубави со едно елегантно пакување на шампањ за чиј дизајн е заслужен холандскиот дизајнер Торд Бонтје.

per3

Оваа компанија своето уметничко дело го покажа во соработка со глумци и пејачи кои настапуваа при првата дегустација на овој лускузен напиток.

Шампањот ја имаше својата премиера на 22 март оваа година во „Saatchi“ галеријата која се наоѓа во Лондон. Во таа прилика, уметникот Торд Бонтје го редизајнираше целиот простор во галеријата, со цел галеријата со својот изглед да ја презентира магичната пролет.

per4

Гостите уживаа во квалитетна храна и секако во најновото ремек дело – „The Encanting tree“. Овој шампањ ќе добие место во колекцијата на „Perrier Jouet“, во која се наоѓаат околу 200 најквалитетни пакувања.

Дизајнот на ова луксузно пакување е во облик на пролетно дрво кое цвета и се раззеленува, а секоја од 6-те гранки, чиј цвет претставува по една чаша од овој луксузен пијалок, е направена од чисто злато.

per5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП