23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален рејтингот на словенечките банки

Намален рејтингот на словенечките банки

slo1

Американската агенција за кредитен рејтинг „Moody`s“ го намали кредитниот рејтинг на втората по големина банка во Словенија „NKBM“.

Како причина се наведува зголемената загриженост за словенечката економија, која според некои проценки би можела да стане наредниот Кипар.

Во соопштението на Државната банка „NKBM“ се наведува дека агенцијата „Moody`s“ го намалила нејзиниот долгорочен рејтинг на депозитите во странска и домашна валута на „Caa2“ од „B3“, со негативна прогноза, што значи дека постои можност за дополнително намалување, пренесува Франс Прес.

Проблемите во словенечките банки, кои се оптеретени со еден куп на лоши долгови, поттикнаа шпекулации дека Словенија би можела да стане наредната членка на ЕУ, која после Кипар, ќе побара помош.

Загубата на „NKBM“ во минатата година достигна 205,5 милиони евра, во споредба со 81,1 милиони евра во 2011 година.

Според „Moody`s“, на „NKBM“ и е потребна нова инјекција капитал за да се исполнат барањата на Европската банкарска агенција, за зголемување на нивото на капитал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП