5 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВила од соништата во срцето на земјата на виното и гастрономијата (фото+видео)

Вила од соништата во срцето на земјата на виното и гастрономијата (фото+видео)

на1

Денешната вила од соништата не води во внатрешноста на имотот, во срцето на земјата на виното…

Со цена од 11.750.000 милиони долари, овој имот во срцето на долината Напа ви го нуди целиот мир и тишина кои ви се потребни. Скапоцен камен на овој имот е европски инспирираната хациенда, која има површина од повеќе од 1.200 квадратни метри беспрекорен простор, со девет рајски спални соби.

Ентериерот на главната резиденција добил доминантен допир од уникатните луксузни детали, како изрезбаниот камин од мермер, дрвените греди на плафонот и подовите од костен и травертин.

Кога ќе зачекорите надвор од оваа резиденција ќе уживате во погледот кон лозјата, покрај каминот на отворено, со тераса, со базен или џакузи.

Доколку сето ова не ви е доволно, оваа вила може да ви понуди и домашно кино со 15 места и двособна вила за гости. Имотот е идеален за љубителите на мирниот живот, кои сакаат да уживаат во беспрекорниот луксуз, со своите пријатели или сами.

на2

на3

на4

на5

на6

на7

на8

на9

на10

на11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП