18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтедењето ја продлабочи социјалната криза

Штедењето ја продлабочи социјалната криза

shtedenje1

Политиката на штедењето, која е усвоена за решавање на должничката криза, се повеќе ги загрозува работните места и домаќинства во одделни земји, предупредува Европската комисија.

„Негативните последици од буџетските намалувања и даночните зголемувања на работните места и животниот стандард се повеќе се очигледни во некои земји-членки“, се наведува во извештајот на ЕК, пренесува агенцијата Франс Прес.

„Социјалната криза во Европа продолжува да се влошува, а во некои држави не постои видлив напредок“, изјави европскиот комесар за вработување и социјални прашања, Ласло Андор.

Најновите податоци покажуваат дека невработеноста во ЕУ во јануари се зголемила на 10,8 проценти, што е повеќе од 26 милиони невработени, додека 17-члената еврозона забележа рекордна невработеност од 11,9 проценти.

Додека владите го стегаат буџетот поради балансирање на јавните финансии, економијата страда, со намалување на платите и намалувањето на социјалните програми.

Невработеноста помеѓу младите предизвикува голема загриженост, со оглед на тоа дека таа во ЕУ изнесува 24 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП