3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank по грешка платила 6 милијарди евра на американски хеџ фонд

Deutsche Bank по грешка платила 6 милијарди евра на американски хеџ фонд

db banka 39

„Deutsche Bank AG“ погрешно платила 6 милијарди долари на еден клиент на хеџ фонд во САД, откако помлад трговец ја обработил погрешната бројка.

Банката го забележала износот кој бил префрлен на клиентот следниот ден и за инцидентот биле информирани Федералните резерви на САД, Европската централна банка и на Комисијата за финансиски надзор на Велика Британија (Financial Conduct Authority, или FCA).

Трансакцијата била обработена од млад член на тимот за валутна трговија на банката со седиште во Лондон во јуни, додека неговиот шеф бил на одмор.

Грешката се случила откако трговецот ја обработил бруто бројка, а притоа додал „премногу нули“. Таквите грешки се вообичаени, но се ретки во овој износ.

Случајот го покренува прашањето зошто во овој момент не е спроведен принципот на „четирите очи“, кој предвидува секоја трансакција да се контролира од најмалку двајца вработени.

Од „Deutsche Bank“ не се расположени за коментар на оваа тема.

Најголемата германска банка, која се соочува со илјадници правни спорови, најави голема реорганизација на активностите и промени во раководството.

Банката забележа рекордна загуба пред оданочување во износ од 6 милијарди евра во третиот квартал и предупреди за можно намалување на дивидендите, претходно овој месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП