16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинска: Даночните обврзници повеќе не смеат да ги спасуваат банките

Финска: Даночните обврзници повеќе не смеат да ги спасуваат банките

finska-zname

Финска денеска побара даночните обврзници во еврозоната да не бидат поштедени од спасување на „потонатите“ банки во иднина.

– Насекаде во Европа мора да се движиме кон нормална пазарна економија, во која сопствениците и инвеститорите ги сносат загубите во случај на пропаст на банките, изјави финскиот премиер Јирки Катаинен за време на својот говор за Европа во Хелсинки.

Катаинен изрази надеж дека на Европската банкарска унија, чие основање е во тек, тоа ќе и послужи како основен принцип или во „спротивно ќе се задржи актуелната ситуација, во која даночните обврзници плаќаат за пропаст на банките.

Според плановите за основање банкарска унија, се предвидува формирање механизам за спас на „потонати“ банки, во рамки на кој акционерите, кредиторите и големите депоненти ќе ги сносат трошоците за реструктуирање на банките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП