20 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕАвантуристичка куќа - одморалиште во шумите на Индија (фото)

Авантуристичка куќа – одморалиште во шумите на Индија (фото)

ини1

Сокриена длабоко во шумите на јужна Индија, оваа реновирана авантуристичка куќа – одморалиште нуди идеален простор за оние кои посакуваат бегство од градската бука и одмор во природа…

Наречена Horbill House, оваа куќа е дел од имот од 135 акри кој наскоро ќе има дополнителни 8 бунгалови кои ќе можат да се изнајмуваат.

Бунгаловите ги дизајнираше Biome Enviromental Solutions, а ќе бидат поставени низ плантажите со чај и кафе, така што уживањето во околината ќе биде максимално.

Дизајнерите се најмени со цел реновирањe на постојните бунгалови и дополнителна изградба на 8 нови кои ќе функционираат како одморалиште.

Главната куќа – одморалиште се наоѓа крај водопадот и овозможува сјаен поглед на околината, долината и планините. Сите соби имаат сјаен поглед, секоја на свој дел од пејсажот, а ѕидовите се направени од цигли, овозможувајќи ви топол амбиент. Камената фасада се вклопува во околината, па доколку сте подготвени за мала авантура, посетете го ова место…

ини2

ини3

ини4

ини5

ини6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП