18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗаваровалница Триглав ја задржа одличната бонитетна оценка

Заваровалница Триглав ја задржа одличната бонитетна оценка

triglav 33

Агенцијата за кредитен рејтинг „А.М.Best“ во рамките на редовната годишна ревизија, повторно ѝ додели на Заваровалница Триглав бонитетна оцена „А-“ (одлично) за финансиска моќ, како и „а-“ (одлично) бонитетна оцена за кредитна способност за издавање.

Обете бонитетни оценки се одраз на сигурната капитализираност, прилагодена според ризикот, континуирано добрите бизнис резултати, како и водечката позиција на Групацијата Триглав на словенечкиот пазар и во регионот Адриа.

Среднорочната прогноза за кредитен рејтинг на Заваровалница Триглав е оценета како „позитивнa“. Агенцијата за кредитен рејтинг, оваа оцена ја образложува со одличните перформанси на компанијата во изминатите пет години и ветувачките деловни прогнози. Во југоисточна Европа Групацијата Триглав, и покрај тешките услови за работа на осигурителните пазари, продолжи да ги подобрува деловните резултати и да ги спроведува планираните активности за натамошен раст, согласно стратешките цели. Прогнозата, дополнително ја рефлектира цврстата капитална адекватност и соодветноста на управувањето со ризици.

Истите оценки од страна на агенцијата за кредитен рејтинг „А.М.Best“ се потврдени и за Позаваровалница Триглав РЕ, со што се потенцира клучната улога и придонесот на Позаваровалница во остварувањето на статешките цели на Групацијата Триглав. Бонитетните оценки имаат стабилна среднорочна прогноза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП