25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАSeavus официјален партнер и домаќин на првиот NASA Space App Challenge во...

Seavus официјален партнер и домаќин на првиот NASA Space App Challenge во Македонија

nasalogo

Втор пат во историјата на NASA, а за прв пат во Македонија ќе се одржи глобалниот настан Space App Challenge во партнерство со најголемата македонска  ИT компанија Seavus.
NASA Space App Challenge е 48 часовен hackathon чија цел е решавање предизвици за изнаоѓање корисни open-source решенија за глобалните потреби на животот на Земјата и вселената.

NASA Space App Challenge ќе обедини програмери, инжинери, научници, студенти, експерти, професори и ентузијасти кои групно ќе работат на десетина различни предизвици за изнаоѓање на хардверски и софтверски корисни решенија за подобрување на иднината и светот во кој живееме.

Најдобрите решенија ќе бидат високо наградени, а проектите ќе бидат оценувани од реномирани стручни лица од индустријата и академијата за подоцна да се вмрежат со победничките решенија на интернационално ниво.

Дводневниот настан ќе се оддржи на 75 локации во светот на 20 и 21 Април и ќе инкорпорира предизвици од хардвер, софтвер и визуализација на податоци.

NASA, Seavus и останатите партнери ги покануваат и охрабруваат сите програмери, инженери, ентузијасти и креативни луѓе да се пријават на настанот и преку својата експертиза да помогнат во создавањето на идејни решенија кои можат да им одговорат на локалните и глобалните потреби.

Менаџментот на Seavus изјавува дека со голем ентузијазам и гордост влегуваат во овој проект кој ќе ги истакне македонските ИТ експерти и ќе ја стави Македонија на светската мапа на напредни технологии,  а со тоа ќе придонесе за подобрување на планетата и вселената.

Seavus logo -

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП