2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВера Милошевска - Јосифовска од ,,Љубојна” оваа сабота дел од проектот етно-денови...

Вера Милошевска – Јосифовска од ,,Љубојна” оваа сабота дел од проектот етно-денови на Капитол Мол

kapitol 39

Оваа сабота, 17-ти октомври од 12 часот, Капитол Мол огранизира детска, интерактивна , музичко-драмска претстава „Музички волшепства“, а специјални гости ќе бидат Вера Милошевска -Јосифовска од ,,Љубојна” и детските фолклорни таленти од друштвото „Орце Николов“ кои ќе изведуваат автентични македонски танци и ора.

За сите оние кои ги поддржуваат традиционалните вредности, го сакаат фолклорот, старите обичаи и приказните кои што се пренесуваат од генерација на генерација, Капитол Мол креираше интересен настан кој има за цел чување и негување на културното богатство и традицијата на македонскиот народ.

Капитол Мол е семејно ориентиран трговски центар, нераскинлив дел од многу семејни приказни, љубовни состаноци, детски родендени и интересни забави, место за квалитетен шопингот за сите генерации. Овој декември Капитол Мол ќе го прослави својот втор роденден, обезбедувајќи различни активности, игри, подароци, претстави, награди и многу забава.

Веќе една година сме. Граѓаните во Капитол Мол препознаа топол, пријателски и уникатен простор во кој преферираат да го поминат слободното време.

На 24-ти октомври од 12 часот, Капитол Мол одново приредува детска, музичко-драмска претстава со маестро Зоран Џорлев, а ќе настапуваат и детските фолклорни таленти од друштвото „Орце Николов“.

kapitol 333011111

„Со овој проект сакавме да покажеме дека сме „носители на традицијата“ оние кои ја продолжуваат, учат и пренесуваат, бидејќи сметаме дека традицијата е таа од која ги црпиме сите вредности според кои живееме денес. Ги покануваме сите посетители и потрошувачи да дојдат и да уживаат во овој автентичен амбиент, да учествуваат во работилниците, да научат нешто за традицијата и да си заминат одовде со вредни награди“, изјави Даниела Адемоска, сопственичка и генерален директор на Капитол Мол.

Етно деновите се отворени за сите, а учеството во сите активности е бесплатно.

Дополнително, месец октомври во Капитол Мол е и месец на подароци.

Со секое пазарување над 500 денари се добиваат вредносни купони чии поени се генерираат и првите 223 учесници што ќе освојат најмногу поени добиваат вредни награди; првиот добива iPhone 6, вториот Sony Experia Т3 , третиот таблет, а и останатите ги очекуваат многу други награди.

За повеќе информации околу „Месецот на награди“ посетете ја веб-страната www.capitolmall.mk/podaroci.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП