21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Тутунска банка ja лансираше Debit MasterCard Contactless – картичка што овозможува...

НЛБ Тутунска банка ja лансираше Debit MasterCard Contactless – картичка што овозможува бесконтакно плаќање

nlb karticki

Нова картичка Debit MasterCard Contactless со која се овозможува бесконтакно плаќање, лансираше НЛБ Тутунска банка.

Бесконтактното плаќање е нова технологија која овозможува плаќање само со доближување на картичката до ПОС терминалот, што истовремено влијае и врз поголемата сигурност на клиентите, како и поголемата брзина при плаќањето.

Покрај тоа, за суми до 750 денари, не е потребно да се впишува пинот.

По повод 30-годишнината на Банката и воведувањето на новата бесконтактна MasterCard дебитна картичка, НЛБ Тутунска банка организира наградна игра во соработка со MasterCard за сите корисници на MasterCard картичките. Наградната игра ќе се реализира во периодот од 15.10.2015 до 15.11.2015 година.

Главната награда е автомобил Mitsubishi ASX. Покрај главната награда Банката дневно и неделно ќе доделува и вредни парични награди на износи од по 3.000 мкд, 5.000 мкд, 10.000 мкд  и 30.000 мкд кои ќе можат да се искористат на повеќе од 200 продажни места. За времетраење на наградната игра, ќе бидат доделени вкупнo 100 награди, од кои 99 се парични награди и една главна награда.

Право на учество во наградната игра имаат сите физички лица, корисници на НЛБ MasterCard кредитните картички и НЛБ MasterCard Contactless картичките кои во периодот од 15.10.2015 до 15.11.2015 година ќе направат најмалку една трансакција на износ еднакoв или поголем од 500,00 МКД. Трансакцијата треба да биде реализирана на ПОС терминал во било кое продажно место во земјата или преку Е-commerce.

Како дополнителна промотивна поволност за времетраење на наградната игра, НЛБ Тутунска банка сите картички од програмата на MasterCard, ќе ги одобрува без членарина за првата година на користење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП