20 април, 2024
ПочетнаДИЕТИВодена диета: Неверојатно топење на килограмите

Водена диета: Неверојатно топење на килограмите

Доколку ви е потребно малку да ослабите, ви ја препорачуваме новата хит диета, базирана на вода, со која на здрав начин ќе ги изгубите несаканите килограми.

Ако сакате да се ослободите од вишокот килограми на проблематичните делови од телото, оваа диета е вистинската за вас. Со помош на „водената диета“ можете да загубите половина килограм на ден.

Меѓутоа, на ваков режим на исхрана, не смеете да бидете постојано, туку најмногу два до три дена по ред или преку еден ден комбинирано со нормална исхрана, и тоа не долготрајно, туку само повремено.

Еве како изгледа планот за исхрана на водената диета

Појадок

Голема чаша вода, чај или свежо цеден сок. Овошје и свежо цеден сок можете да консумирате колку што сакате.

Ужинка

Голема чаша вода, чај или свежо цеден сок. Неколку плодови овошје, комбинирајте различни видови.

Ручек

Голема чаша вода пред јадење и чај после јадење. Ручекот се состои од свеж желенчук во количина по желба, со додаток на оцет, малку масло, лимон, или зачини. На салатата можете да и додадете и маслинки. Дозволените зеленчуци се артичоки, целер, зелена салата, моркови, пиперка, краставица, лук, пченка, домати.

Ужинка

Голема чаша вода, чај или свежо цеден сок. Чаша млеко или јогурт или 30 гр сирење или парче овошје.

Вечера

Испијте чаша вода пред и шолја чај после јадењето. Оброкот треба да содржи 100 гр месо (пилешко или телешко) или 150 гр риба (ослич) или едно јајце со зеленчук по избор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП