1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКомпактниот SUV Volvo XC40 пристигнува во 2018-та

Компактниот SUV Volvo XC40 пристигнува во 2018-та

komp volvo 22

„Volvo XC40“ ќе биде првиот модел на овој производител базиран на новата компактна модуларна механичка платформа (CMA), дознава „Autonews Europe“.

Покрај него во план е и втората генерација од моделот „V40“ и „V40 Cross Country“, кој ќе биде поставен на истата платформа, но тие два автомобили ќе се појават на пазарот во 2019-та година.

Првиот човек на компанијата, Хокан Самуелсон, потврди дека компактен „SUV“ е приоритет за „Volvo“, но не беше подготвен да ја открие неговата ознака, ниту кога тој модел ќе се најде во продажните салони.

Од „Volvo“ соопштија дека идните модели со „CMA“ платформа ќе се изработуваат во погонот во Гент, во Белгија. Компанијата во оваа фабрика ќе инвестира 200 милиони евра, со цел да ја прилагоди на потребите за производство на новите генерации на компактни автомобили.

Моментално во Гент се произведуваат модели „S60“, „XC60“, „V40“ и „V40 Cross Country“.

„CMA“ платформата е развиена во соработка со кинеската компанија „Geely“ која е сопственик на автомобилскиот бренд „Volvo“ oд 2010-та, a ќе се користи и за некои модели кои се произведуваат во фабриката на „Volvo“ во Кина.

Што се однесува за моделите од Гент, тие за погон ќе ги користат новите „Volvo“ мотори со три и четири цилиндри, вклучувајќи и „Plug-In“ хибридните погонски системи.

Воведувањето на системот за автономно возење е планирано за 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП