Овој луксузен имот е олицетворение на луксузниот начин на живот, уживањето и релаксацијата во Максиканскиот Залив…
Оваа фамилијарна резиденција има осветлен и простран ентериер, високи плафони и величествен поглед кон површината на водата на сите нивоа.
Библиотеката со дрвени панели и фантастичниот плафон, удобната формална дневна соба нагласена со дрвени елементи и совршен простор за уживање на отворено го прават овој дом посебен и прекрасен.
Фантастичната летна кујна, камините на отворено и величествениот базен се само некои од деталите кои го збогатуваат ова прекрасно место.
Во внатрешноста се наоѓа и гурманската кујна со сите модерни апарати и мебел кој ја прави совршена. Во нејзиното продолжение се наоѓа елегантната трпезарија погодна за секоја прилика.
Останатите погодности кои ве очекуваат се собата за билјард, пабот, винскиот подрум, модерното домашно кино, џет ски лифтот и ланаи собите.
Уживајте во фотографиите…